Прв пат по 130 години ваа планина на крајот на октомври е без снег

Сподели со своите пријатели

На врвовите на Фуџи вообичаено снег паѓа на почетокот на октомври, но невообичаено топлото време значи дека оваа година нема врнежи од снег до крајот на октомври, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Минатата година снег беше забележан на врвот Фуџи на 5 октомври.

Јапонија го имаше најжешкото лето досега, со температури од јуни до август за 1,76 степени над просекот.

Речиси 1.500 области во септември доживеаја она што Јапонското метеоролошко друштво го карактеризираше како „екстремно топли“ денови, кога температурите достигнаа или надминаа 35 степени.

Во октомври температурите не беа толку високи, но сепак беа натпросечни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протести низ Романија поради несогласување со кандидатот Калин Георгеску

Во претходните 130 години на Фуџи пашал снег најдоцна на 26 октомври, што се случило во 1955 и 2016 година.

Планината Фуџи, југозападно од Токио, е највисока во Јапонија со 3.776 метри. Вулканот на неговиот врв последен пат еруптирал пред нешто повеќе од 300 години.