224 сообраќајки, четворица загинати за половина година во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од 2024 година на подрачјето на Општина Куманово се случиле вкупно 224 сообраќајни незгоди, а четири лица загинале на локалните патишта.

Loading...

Оваа статистика го покажува извештајот за преземени мерки и активности на Полициската станица од Општа надлежност Куманово.

Споредбено со лани бројот на случени сообраќајни незгоди бележи зголемување. Првата половина од 2023 година имало 193 сообраќајки, односно во 2023 година има 31 повеќе.

Годинава кумановските патишта зеле четири жртви за шест месеци, односно една помалку споредбено со истиот период лани.

Од загинатите четири лица годинава, двајца се пешаци, а двајца патници во возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува студен бран со ветер, обилен дожд и снег

Статистиката покажува и дека 22 лица се здобиле со тешки телесни повреди, 115 со телесни повреди, а во 83 сообраќајки била причинета само материјална штета.

Во населено место се случиле вкупно 153 сообраќајни незгоди, односно 37 повеќе споредбено со истиот период во 2023 година кога имало 116.

– Од вкупно повредените лица во најголем број биле повредени возачи и патници во патничко моторно возило, како и возачи на мопед и моторцикл, а во помал број се повредени пешаци и велосипедисти, стои во извештајот.

Loading...

Како најчести причини за сообраќајните незгоди, според извештајот се наведени: дејствие, растојание, првенство на минување, страна на движење и алкохол, а во помал број на случени сообраќајни незгоди причина било невнимание на пешаци, брзо возење и престигнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал испитувач во сообраќајниот испитен центар

Никола Ивановски