Малолетник од кумановско Тромеѓа вчера се здобил со тешки телесни повреди откако со својот мопед се судрил со „фолксваген голф“.
Loading...
– На 27.10.2024 во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски