Анкета: Хрватите би ја избрале Камала Харис, а Србите Трамп

Сподели со своите пријатели

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира.

Loading...

Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и Камала Харис од Демократската партија.

Овој изборен циклус го привлекува глобалното внимание поради можните последици за внатрешната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мекдоналдс го повлече омилениот хамбургер во САД

Камала Харис има најголема поддршка во Хрватска

Во Хрватска, Камала Харис ужива најголема поддршка, со 56 отсто од граѓаните кои би сакале да ја видат како претседателка.

Loading...

Во Словенија, 46 отсто од испитаниците го претпочитаат Харис пред Трамп, чија поддршка е околу 30 отсто.

Босна и Херцеговина покажува избалансирани ставови, додека во Србија Трамп има значителна поддршка, со речиси половина од граѓаните кои повеќе би сакале да го видат на чело на Америка.

Харис, од друга страна, ужива најмала доверба во оваа земја, со поддршка од само 13 проценти.

Повеќето граѓани од регионот сметаат дека американската политика кон ЕУ ќе остане непроменета доколку Харис победи

Истражувањето се занимава и со перцепциите за тоа како победата на еден од кандидатите може да влијае на американската политика кон ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е жената која го обвини Трамп за сексуална злоупотреба: Јавноста е во шок!

Повеќето граѓани од регионот сметаат дека политиката на САД кон ЕУ ќе остане непроменета доколку победи Камала Харис, што делумно е очекувано со оглед на периодот на владеење на Демократската партија во последните четири години.

Спротивно на тоа, победата на Доналд Трамп би можела значително да ја промени американската надворешна политика.

Повеќе од половина од Хрватите веруваат дека победата на Трамп ќе има негативно влијание врз односите на САД со ЕУ, а Словенците делат слично мислење.

Во Србија околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека би можело да дојде до промена на политиката, но не прецизираат дали тоа ќе биде на добро или на лошо, пренесува Ал Џезира истражувањето на Валикон.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ: Србија ги осудува сите форми на тероризам и изразува солидарност со Турција

Извор: Истражување на јавното мислење, онлајн репрезентативен примерок анкета n=511 (БиХ), n=526 (Словенија), n=528 Хрватска, n=515 (Србија), 18-65, од 18 до 21 октомври 2024 година, Валикон.