Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека продолжуваат со офанзивата во областа Џабалија во северна Газа, во која, како што велат, биле убиени десетици оперативци на Хамас, а биле уапсени повеќе од двесте осомничени терористи.
Loading...
Израелската армија го обвини Хамас дека продолжува да спречува евакуација на цивили од областа, објави „Тајмс оф Израел“.
Армијата навела и дека војниците вчера извршиле мал упад во центарот на Газа, со цел да ја уништат инфраструктурата на Хамас.