Австриски министер до Израел: „ЕУ нема да ги повлече војниците од Либан“

Сподели со своите пријатели

Членките на Европската унија чии војници се дел од мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) немаат намера да се повлечат од југот на земјата, иако Израел ги покани да го сторат тоа, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Loading...

Од почетокот на офанзивата против Либан на 1 октомври, Израел ги нападна и позициите на УНИФИЛ, а два тенкови дури упаднаа во една од неговите бази, соопштија ОН. Петмина мировници се повредени.

Шеснаесет членки на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија и Хрватска, се дел од УНИФИЛ, па затоа неодамнешните инциденти беа осудени од европските влади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел уби девет членови на едно семејство во Нусејрат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата ги повика ОН да ги повлечат силите на УНИФИЛ од „упориштата и борбените области на Хезболах“.

Шаленберг, сумирајќи ја дискусијата на шефовите на дипломатиите на ЕУ одржана во понеделникот, рече дека европските земји не сакаат да ги повлечат своите војници.

„Нема дискусија за повлекување или нешто друго“, рече тој во интервју за Ројтерс во Брисел.

„Тие ќе останат таму, а безбедноста на нашите војници е од клучно значење и треба да биде обезбедена од сите страни“, рече Австриецот, чија земја има околу 160 војници во УНИФИЛ.

Европските земји обезбедуваат околу 3,6 илјади војници од вкупно 10 илјади членови на УНИФИЛ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск: Европската комисија е недемократска институција

Членките на ЕУ планираат видео-конференција во среда на која ќе разговараат за нивната моментална позиција и долгорочната улога на мисијата, вклучувајќи го бројот на војниците, опремата и правилата за ангажман.

Израелските власти тврдат дека нивните сили намерно не го гаѓаат УНИФИЛ и дека Хезболах ги користи нивните позиции како жив штит и дека Израел има право да одговори.

Шаленберг се согласи дека Израел има право да се брани, но предупреди дека дури и ненамерните напади на мировните позиции се кршење на меѓународното право.

„Постои јасна потреба Израел да биде многу внимателен во врска со ова“, заклучи тој.