Полската влада размислува за привремено укинување на правото на азил

Сподели со своите пријатели

Полската влада на состанокот во вторник ќе разговара за привременото суспендирање на правата за азил, заедно со стратегијата за контрола на нерегуларната миграција.

Loading...

Премиерот Доналд Туск во саботата на состанокот на неговата владејачка Граѓанска коалиција објави дека има намера барем привремено да го суспендира правото на азил.

– Државата мора да ја врати стопроцентната контрола врз тоа кој влегува во Полска – рече тој и додаде дека ќе се залага за признавање на оваа одлука во Европската унија. Тој не даде детали за новите мерки.

Портпаролката на Европската комисија во Брисел посочи дека земјите-членки се обврзани според заеднички правила да понудат пристап до процедурите за азил на оние кои бараат заштита.

Полска и ЕУ го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сојузник, белорускиот моќник Александар Лукашенко, дека намерно ги насочуваат мигрантите од кризните региони кон источната граница на Полска со Белорусија.

Границата е истовремено и надворешна граница на ЕУ.