Хезболах: Извршивме напад врз израелската логистичка база Кенобар

Сподели со своите пријатели

Либанската милитантна група Хезболах синоќа соопшти дека извршила напад врз израелската логистичка база Кенобар, на северот на Израел.

Loading...

Хезболах изјави дека „во поддршка на палестинскиот народ во Газа и нивниот храбар и чесен отпор, како и во одбрана на Либан и неговиот народ, ова е одговор на варварската ционистичка инвазија на градови, села и цивили“.

Во соопштението се додава дека нападот започнал нешто по 19:00 часот, јави Ирачката новинска агенција (ИНА).

Бројот на ранетите во нападот со беспилотни летала врз областа Бињамин на северот на Израел во моментов е 67, јавуваат израелските медиуми.

Како што истакнаа израелските медицински претставници, четворица од ранетите се во критична состојба, а пет лица се во тешка состојба, додека 14 лица се здобиле со средно тешки повреди.