Најмалку 20 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица, вклучително и деца, загинаа во израелски воздушен напад што погоди училиште, кое претходно беше претворено во засолниште, во централниот дел на Појасот Газа, соопшти блиската болница во окупираната палестинска енклава. денес.

Loading...

Во овој израелски напад, кој беше извршен во неделата вечерта, две жени беа убиени и во блискиот Нусејрат, пренесува АП.

Училиштето засолни голем број Палестинци раселени за време на едногодишната војна во Појасот Газа, а телата на загинатите во синоќешниот израелски воздушен напад беа префрлени во болницата Ал-Авда во Нусејрат и болницата на мачениците Ал Акса во Деир ал- Балах.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа, повеќе од 42.000 Палестинци, цивили и борци на Хамас загинале во израелските бомбардирања и за време на копнената операција на израелските сили во окупираната палестинска енклава, пренесува Танјуг.