Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
По средбата со македонскиот колега Панче Тошковски во СВР Куманово, Дачиќ се упати кон општината.
Како што рече Димитриевски, се разговарало на повеќе теми, а посетата ја потврдува близината на македонскиот и српскиот народ.
– Ние сме должни да ги градиме тие мостови на пријателство. Му благодарам на вицепремиерот место на владата на Република Србија што отворено се понуди за каков било вид соработка и на централно и на локално ниво, дури и со општините, а воедно и на нашиот министер за вантрешни работи во делот на придонесот што го даваат како ресорно министерство во делот на јавната безбедност и сето она што тие го покриваат, изјави Димитриевски.
По средбата кумановскиот градоначалник ги прошета двајцата министри и нивните тимови низ централното градско подрачје, па заминаа во слаткарница во која додека служел војска Дачиќ редовно бил гост.
Никола Ивановски