Дачиќ: Во Куманово служев војска, тоа е град со кој ме врзуваат убави спомени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ при денешната посета на Куманово, рече дека за градот го врзуваат убави спомени, оти тука служел војска.

Loading...

– Град со кој ме врзуваат во главно убави спомени од мојот живот. Имајќи во предвид дека овде, а вие се уште не сте биле родени, јас во 1984-85 година овде бев војник, рече Дачиќ на денешната средба со неговиот македонски колега Панче Тошковски во Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Дачиќ потоа оствари кратка средба со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој му организираше прошетка низ Куманово.

Дачиќ срдечно беше пречекан во една локална слаткарница, каде доаѓал додека служел војска во градот.

– Тука минував денови и денови. Бев во војска тука и бидејќи близу тука беше командата на гарнизонот, бев новинар, воен новинар, и многу време минував тука и ми остана драго. Бевме во контакт сите овие годинии драго ми е, рече Дачиќ.

Loading...

Тој рече дека работел во Радио Куманово и таму имал своја канцеларија.

Никола Ивановски