Македонија и Србија ќе прават напори на Грнаичниот премин Табановце да се чека уште помалку со цел да се намалат метежите.
Ова денеска го најавија министрите за внатрешни работи на двете земји, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.
Во сушстина иако моментално е активен проектот „One Stop Shop“, односно да се застанува еднаш, сепак во пракса не е така.
Граѓаните чекаат за пасошка контрола на два различни шалтери, само наместо на две граници, на една.
– Ние тука имаме проблем кој треба да го решиме, а што се проблемите меѓу другото? Зошто толку долго се чека на граничниот премин, ако ние веќе сме имале, а се сеќаваме и минатиот пат бев министер од 2008 до 2014 година, тогаш министерка беше Јанкуловска, ние тогаш разговараме за поеднаствување на процедурите, да може да се помине со лична карта и да има едно застанување. И понатаму мора да има нешто што мора да се усовршува, рече Дачиќ.
Технички групи на двете држави, како што рече Тошковски, треба да се сретнат седната недела и да ги прецизираат деталите.
– Овој проект е доста значаен и за Македонија и за Србија. Така да мислам дека мораме да имаме континуирани ангажирања во рамките на реализација на истиот, изјави македонскиот министер.
На средбата, освен за нелегалната миграција и транзитот на патници, се разговарало и за заеднички обуки.
Никола Ивановски