„Пежо“ прегази 88-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Осумдесе и осумгодишен кумановец е тешко повреден откако во него удрило „пежо“ управувано од 35-годишник од селото Младо Нагоричане.

Loading...

– На 04.10.2024 во 18.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.П.(35) од с.Младо Нагоричане-о.Старо Нагоричане удрило во пешакот В.Ј.(88) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични пријави за царници на Табановце

Никола Ивановски