Русија соборила 113 дронови во нејзините области што граничат со Украина

Сподели со своите пријатели

Русија објави дека пресретнала и соборила 113 украински беспилотни летала синоќа во регионите Белгород, Курск, Воронеж и Брјанск кои граничат со Украина.

Руската воздушна одбрана собори 73 беспилотни летала во регионот на Белгород, 25 во Воронеж, 14 во Курск и еден во Брјанск, соопшти руското Министерство за одбрана преку Телеграма.

Една жена е ранета во градот Стари Оскол во Белгородската област каде што беше соборен еден од тие беспилотни летала, изјави преку Телеграм гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Според Гладков, четворица руски цивили загинале, а 24 се ранети во украинските напади во последните 24 часа во регионот на Белгород.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покровск во моментов е главна цел на Русите, стационираа 200 нивни војници

Русија речиси секојдневно објавува дека уништила украински беспилотни летала лансирани на нејзина територија.

Киев вели дека ги изведува нападите како одговор на повеќе од двегодишното руско бомбардирање на Украина.