Годишен состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 октомври во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка ќе се организира од 21 до 26 октомври во Вашингтон.

Loading...

Според прелиминарниот распоред, во понеделник, 21 октомври, меѓу другото ќе се разговара и за преносот на монетарната политика на Соединетите Американски Држави, за отворањето работни места во Субсахарска Африка или за трансформацијата на мрежата за социјално осигурување, соопштија организаторите.

Презентацијата на светската економска перспектива, односно прогнозата за глобалниот економски развој во иднина, како и извештајот за глобалната финансиска стабилност е најавена за вторник, 22 октомври.

Следниот ден ќе бидат одбележани дебатите на Светска банка за поефикасна глобална помош и планови за стимулирање на економскиот раст, додека директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева ќе се обрати пред новинарите во четврток, 24 октомври, јавува Танјуг.

На средбата ќе се разговара и за економското зајакнување на жените, влијанието на климатските промени, проблемите на задолжените земји и актуелните економски предизвици.

„Групата на Светска банка игра клучна улога во глобалните напори да се стави крај на екстремната сиромаштија и да се поттикне заедничкиот просперитет. Еден од начините на кои организацијата работи за да ги постигне овие цели е со поканување на граѓаните ширум светот да соработуваат за прашања како што се намалувањето на сиромаштијата, меѓународната економска развој и финансии, градење човечки капитал и зајакнување на отпорноста“, се вели на веб-страницата на организацијата.