Малолетник од Липково тешко повреден откако го удрил „голф“

Сподели со своите пријатели

Малолетен велосипедист од село Липково се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило возило „фолксваген голф“.

Loading...

– На 29.09.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од село Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  245 нарушувања на јавниот ред и мир во Куманово во првото полугодие годинава

Никола Ивановски