Ова се авионите и бомбите убијци со кои Израел го елиминираше целиот врв на Хезболах

Сподели со своите пријатели

Израелските воздухопловни сили изведоа голем воздушен напад минатиот викенд чија цел беше лидерот на Хезболах Хасан Насрала во предградието Дахија во Бејрут.

Loading...

Ударот, извршен од 69-та ескадрила на израелските воздухопловни сили (ИАФ) со авиони Ф-15И Раам, го уништи подземниот команден центар на Хезболах.

 

 

Во споменатиот напад биле употребени неколку бомби, од кои секоја навлегла длабоко во утврдените бункери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиени тројца лидери на Народниот фронт за ослободување на Палестина во израелски напад на Бејрут

Споменатите бомби што ги користеше Израел беа напредни бомби ГБУ-31 од американско производство.

Тие бомби, кои биле водени од ГПС, одиграле клучна улога во успехот на нападот во кој беше елиминирано целото раководство на Хезболах.

Loading...

Станува збор за бомби од 900 килограми дизајнирани да навлезат во длабоки, утврдени структури, за што сведочат кратерите длабоки до 30 метри што останале по ударот.

Убиени се повеќе од 20 оперативци на Хезболах, меѓу кои и заменикот на Насрала, Али Караки.

Операцијата ги покажа супериорните воени способности на Израел во гаѓање подземни објекти.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка е загрижена за можната одмазда на Иран

Смртта на Насрала, која беше потврдена од Хезболах, нанесе сериозен удар на терористичката група поддржана од Иран, која е активно вклучена во прекугранични напади врз Израел од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Операцијата на израелските воздухопловни сили беше дел од ескалирачката воена кампања против Хезболах, што се совпадна со тековниот конфликт во Газа.

Loading...

Емануел Фабијан, воен дописник за Тајмс оф Израел, објави дека високи функционери на ИАФ потврдиле дека мисијата минала без проблем и без противвоздушен оган насочен кон израелските авиони.

Сè помина без проблеми, рече потполковникот со кодно име Мем, командант на 69-та ескадрила.

Операцијата, објасни тој, била насочена кон подземниот штаб на Хезболах во Бејрут. Удривме во срцето на Бејрут, во Дахије. Знаевме кого сакаме да го насочиме, нагласи потполковник Мем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиени тројца лидери на Народниот фронт за ослободување на Палестина во израелски напад на Бејрут

Бригадниот генерал Амичаи Левин, командант на воздухопловната база Хацерим, ја опиша мисијата како многу сложена и нагласи дека е планирана.

Тој, исто така, истакна дека убиството на Насрала ќе има длабок ефект што ќе го промени лицето на Блискиот Исток.