Кумановец починал откако паднал пред стадион

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец починал откако паднал пред стадионот на ФК „Башкими“ каде удрил со глава во земјена површина.

Loading...

– На 26.09.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)

Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Никола Ивановски