Њујорк Тајмс: Градоначалникот на Њујорк обвинет за корупција

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е обвинет како дел од федералната истрага за корупција, објави денеска Њујорк Тајмс, повикувајќи се на неименувани извори.

Loading...

Обвинението останува запечатено и засега не е познато за кое дело е обвинет Адамс, но познато е дека истрагата делумно се занимава со наводите дека Адамс и неговиот тим од кампањата наводно добивале нелегални донации од турската влада.

Кога ќе биде објавено обвинението, тоа ќе биде првпат да се покрене обвинение против градоначалник на Њујорк додека тој се уште е на функцијата.

Адамс синоќа изјави дека не направил ништо лошо, додавајќи дека доколку против него биде покренато обвинение, ќе се бори „со сета своја сила и дух“.

„Отсекогаш знаев дека ако застанам во одбрана на њујорчани, ќе бидам мета, и бев“, рече Адамс.

„Њујорк тајмс“ објави дека поединечни соработници на Адамс биле под истрага одделно, што вклучувало претреси и заплени во градското собрание на Њујорк.

Повиците за оставка на Адамс се зголемија во изминатите неколку недели, при што демократската сенаторка од Њујорк Александрија Окасио-Кортез изјави дека „не гледа како Адамс може да продолжи да ја врши својата работа“.

Њујоршкиот весник вели дека обвинението, доколку се подигне, ќе претставува голем пресврт за Адамс, поранешен државен сенатор и градоначалник на Бруклин, кој ја презеде функцијата во екот на пандемијата и во екот на проблемите со зголемениот проток на мигранти во Њујорк.

Loading...

Адамс е долгогодишен поборник за криптовалути и биткоин и вети дека ќе го направи Њујорк „центар на индустријата за криптовалути“ кога беше избран за градоначалник во 2021 година.

Обвиненијата следуваат по истрагата на ФБИ од 2023 година, во која агенти упаднаа во домот на главниот донатор на Адам, Брајан Сагс, и ги пребараа електронските уреди на Адам под сомнение за нелегални донации на турската влада во 2021 година.

Истрагата, исто така, го вклучи и наводното влијание што Адамс го имал врз пожарникарската служба на Њујорк да потпише изградба на една од зградите на турскиот конзулат, иако проектот имал безбедносни проблеми.