Швајцарската полиција во понеделникот приведе неколку лица поради сомнение дека поттикнувале и помагале во евтаназија на 64-годишна Американка.
Случајот е отворен по првата употреба на „Сарко“.
Станува збор за капсула за асистирана евтаназија која е употребена за прв пат, потврдија нејзините креатори.
Се верува дека 64-годишна Американка е првата личност која починала во неа.
Капсулата за евтаназија Sarco е дизајнирана да му овозможи на лицето внатре да притисне копче кое инјектира азот во запечатената комора.
Личноста тогаш треба да заспие и да умре од задушување за само неколку минути, пишува Sky News.
Потпомогнатото самоубиство, кое вклучува употреба на капсула Сарко во близина на шумска кабина во Меришаузен, се случило во понеделникот, 23 септември, се вели во соопштението на полицијата.
Американката наводно боледувала од „многу сериозна болест која вклучувала силни болки“ и сакала да умре.
The Last Resort, швајцарската компанија која стои зад Сарко, го потврди случајот и рече дека нејзиниот копретседател, Флоријан Вие, е единственото лице кое посведочило на смртта, што не беше споменато во полициските извештаи.
Швајцарската министерка за внатрешни работи Елизабет Бом-Шнајдер нагласи дека Сарко не е легален.
Имено, швајцарскиот закон дозволува потпомогнато самоубиство се додека лицето си го одземе животот без „помош“, а оние кои помагаат да умре тоа не го прават од „никаков себичен мотив“.
Пронаоѓачот на Сарко, Филип Нике, тврди дека неговата направа работела токму онака како што била дизајнирана, велејќи дека овозможува мирна смрт без лекови во моментот на избор на личноста.