Приведени четири крадци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица од Куманово биле приведени вчера во два одвоени случаи под сомнение дека извршиле кражби од приватни имоти.

Loading...

Во првиот случај лишени се две кои одзеле предмети од приватен имот.

– На 19.09.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во вториот случај, полицијата привела уште две лица под сомнение дека краделе домашни животни.

– Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Лицата, како што стои во соопштението, биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски