Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека членството на Украина во НАТО ќе создаде „дополнителни конфликти“.
Тој на средбата со својот украински колега Андриј Сибиха рече дека војната во Украина нема воено решение и повика на изнаоѓање мирни решенија.
– Се договоривме, а министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, потврди дека следните мировни преговори треба да бидат со учество на Руската Федерација – додаде тој, пренесува словачкиот весник Правда.
Словачкиот функционер вети и дека Братислава ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Украина и да обезбедува хуманитарна помош.
Според него, Словачка ќе продолжи да помага за деминирање на Украина и снабдување со електрична енергија.