Повеќе земјотреси во близина на Крит

Loading...
Сподели со своите пријатели

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, утрово го погодија грчкиот остров Крит, а нема информации за материјална штета или жртви, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Како што информираат од ЕМСЦ, првиот земјотрес се случил во 04:45 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на длабочина од 27 километри и 64 километри јужно од Ираклион.

По него, околу 6 часот и 22 минути, следеше нов, досега најсилен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на длабочина од 11 километри и на оддалеченост од 109 километри од Ираклион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Укинати граничните контроли меѓу Бугарија и Романија

Малку подоцна, околу 6 часот и 29 минути по локално време, е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 19 километри и на оддалеченост од 165 километри северозападно од Ираклион, соопшти ЕМСЦ.