Ученици од кумановските основни училишта освоија прво и трето место на Државниот натпревар во пливање за основни и средни училишта.
Како што информираат од Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово, од градот учествувале три основни училишта.
Каја Милевска од ООУ „Кочо Рацин “ освои прво место во 50м. слободно во категорија до 5 одделение под менторство на Ненад Младеновски.
Жељко Младеновски од ООУ „Браќа Миладиновци “ освои трето место во 50 м. градно во категорија до 5 одделение под менторство на Марија Митиќ.
– Учениците на Крсте Мисирков имаа солиден пласман. Им посакуваме уште поголеми успеси во иднина, додаваат од општинскиот сојуз.
Натпреварот се одржа изминатата недела во Скопје.
Никола Ивановски