УЖАС ВО ПРАГА! Се судрија два воза (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Прага утрово се судрија два патнички воза, а во таа прилика полесно се повредени десетина лица, јавува чешката агенција ЦТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.

Loading...

Возовите се судрија во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица.

Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.

Сообраќајот на тој дел од железничката пруга е во прекин.

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека во Чешка се поплавени 207 места и дека ситуацијата е најтешка на југот на земјата, поточно во Лузница, Малша и Бланица.

Тој по новата седница на Централната комисија за поплави најави дека дождот споредено со претходните денови врне помалку, но предупреди дека може да има нагли негативни реакции на водотеците поради презаситеност на почвата.

„За жал, многу тешки денови за многу луѓе продолжуваат. Состојбата на притоката Нежарка до Весели над Лузница и понатаму до Лузница по вливот на двете реки останува комплицирана. Врвот се очекува во вечерните часови“, напиша Фијала на својот профил на X мрежата.

Тој побара од населението да не излегува во центрите на градовите, а повика на внимателност и одговорност.

Loading...

Во поплавите што ја зафатија Чешка загина една жена, која се удави во реката Красовка кај селото Красов, во областа Брунтал, додека седум лица се водат како исчезнати.

До среда, според метеоролозите, дожд ќе врне на југот на Чешка, а загрозени подрачја се Лузница, Малша и Отава, додека во Јесеник наврнале 500 литри дожд на метар квадратен.

Циклонот Борис донесе обилни дождови во Централна и Источна Европа, а според вчерашните податоци во поплавите загинаа најмалку седум лица.