Четириест и едногодишен кумновец бил приведен вчеравечер откако во неговиот дом полицијата пронашла кафеава прашкаста материја.
Loading...
– На 16.09.2024 во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
– Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски