Градоначалникот на полска Ниса ги повика сите жители да се евакуираат поради поплавите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на градот Ниса во Полска, Кордијан Колбјарц ги замоли сите 44.000 жители да се евакуираат поради поплавите.

Loading...

„Ве молиме евакуирајте се бидејќи бранот поплава може да биде висок неколку метри. Тоа значи дека целиот град ќе биде поплавен“, рекол Колбјарц, а пренесува Би-би-си.

Два воени хеликоптери синоќа пристигнаа во Ниса за да помогнат во санирањето на оштетениот насип на реката Ниша Клодска.

На местото на оштетување на насипот биле поставени големи вреќи, јавува полската агенција ПАП.

Нивото на реките опаѓа во некои делови на Полска, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на градот Клоџко Михал Писко изјави дека водата се повлекла и дека тоа е показател дека најлошото поминало.

Полската влада поради поплавите прогласи состојба на природна катастрофа, а премиерот Доналд Туск изјави дека за настраданите од поплавите во земјата ќе бидат издвоени 233 милиони евра и дека Полска ќе побара помош и од ЕУ.

Најмалку 16 лица загинаа во поплавите што изминатиот викенд ја погодија Централна и Источна Европа поради обилните дождови што ги донесе циклонот Борис.

Loading...