Зошто луѓето изневеруваат во бракот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Онлајн ангеција за спојување парови неодамна спровела истражување со 1.600 корисници кои раскажале кога размислуваат за афера, кога разговараат со љубовниците и во кое време најчесто договараат тајни состаноци.

Loading...

 

 

Студијата покажала дека за љубовницата се размислува од рано утро, а најчесто им се упатуваат повици на работа, во текот на слободното време.

Повеќе од две третини од лицата кои изневеруваат во брак се подолго од 10 години, а 44 отсто од испитаниците признале дека одржуваат афера година дена или помалку.

Повеќе од половина од испитаниците рекле дека ги прекинуваат работните обврските за да и се јават на сопругата, а за љубовницата тоа го прават 73 отсто од испитаниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  YouTube објави голема вест за Shorts: Креаторите ќе можат да создаваат записи со ВИ

– Голем број наши корисници имаат афера за да останат во брак. Инаку водат среќен и пријатен живот со сопругот или сопругата, уживаат во своето семејство, но им недостасува нешто за целосна слика. За некои тоа е сексот, а за некои само чувството да ги сака, вели една од директорките на агенцијата, Изабела Вајз.

Loading...

Љубовниците најчесто се состануваат кога ќе падне мракот, а 21 отсто од испитаниците велат дека тоа никогаш не е пред 21 часот.