Еруптираше вулканот Ебеко: Пепел висок 2,5 километри

Сподели со своите пријатели

Вулканот Ебеко, кој се наоѓа на северниот Курилски остров Парамушир, утринава исфрли колона од пепел на височина од 2,5 километри надморска височина, соопшти Главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации за регионот Сахалин.

Loading...

Според соопштението, облакот од пепел се проширил на растојание од повеќе од 5 километри во североисточен правец од вулканот, пренесува Интерфакс Русија.

Наведено е и дека во градот Северо-Курилск, единственото населено подрачје на северните Курилски Острови, не е забележано дека се чувствува мирис на водород сулфид и нема повици и поплаки од населението.

Во околината на вулканот нема меѓународни патишта, а на подрачјето на вулканот нема регистрирани туристички групи, се наведува во соопштението.

Вулканот Ебеко (висина 1156 m) е сложен стратовулкан со неколку кратери лоциран на седум километри од Северо-Курилск на гребенот Вернадски.

Вулканот редовно исфрла пепел од октомври 2016 година.