Британката Џејд Лајн (29), позната и како Барби Џејд, е инфлуенсерка од Бристол со повеќе од 11.000 фанови на Инстаграм, пренесува The Sun.
Со текот на годините, таа потрошила повеќе од 9.000 евра на пластични операции и спрејови за потемнување за што повеќе да личи на популарната играчка Mattel.
Сепак, Џејд вели дека неодамна одлучила да оди малку поприродно.
Таа ги отфрлила „лажните“ шминка и перики и вели дека сега изгледа помладо од било кога.
„Неодамна немав никакви операции и навистина се фокусирав на поприроден изглед“, вели Британката.
„Шминка, нега на кожа, фризура, облека… Потрошив часови во истражување на производи за да изгледам најдобро “, додава таа.
„Да бидам искрена, чувствувам дека изгледам подобро сега отколку кога имав 19 години“, вели Џејд.
„Одвратно“, им се пожали на британските медиуми, но и се радува на позитивните коментари, а најмногу кога добива комплименти во живо.
Инфлуенсерката за прв пат заминала „под нож“ на 18 години, зголемувајќи ги градите.
Таа, исто така, потрошила 8.000 фунти за филери за усни, спрејови за потемнување и перики, како што вели самата.