Повеќе предмети биле украдени од објект на „Македонски железници“ лоциран на преминот во липковското село Опае.
Loading...
– На 05.09.2024 во 16.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во објект на ЈП „Македонски железници-Инфраструктура“, лоциран на железнички премин во селото Опае, Општина Липково и биле одземени повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски