Какво време ќе имаме овој продолжен викенд во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со повеќе сонце во претпладневните часови, а попладне се очекува нестабилност проследена со дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИБРИГ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (ФОТО)

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

 

 

Утре ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 30 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од минимални 15 до максимални 30 сепени целзиусови.

 

 

Во  понеделник ќе имаме облачно и малку посвежо време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четири лица во Куманово, возеле алат за извршување кривични дела

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 26 степени целзиусови.

Loading...

Во вечерните часови кон вторник се очекуваат и врнежи од дожд.

 

 

Со температури под 30 степени и услови за нестабилност ќе продолжи следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...