Пукање пред израелската амбасада во Минхен, напаѓачот е убиен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Утрово во центарот на Минхен, во близина на нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање во кое едно лице е убиено.

Loading...

„Во реонот на Каролиненплац полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, напиша полицијата на X.

Не е познат идентитетот на убиениот.

Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледало дека носи оружје.

Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени.

Засега нема информации за можни други осомничени.

Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип

Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.

Loading...

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.

Германската полиција соопшти дека на социјалните мрежи веќе се шират дезинформации.

Тие ги повикаа граѓаните да не учествуваат во ширење лажни информации и да не објавуваат снимки од настани.