Дваесетина лица затруени со храна на прослави во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дваесетина лица за една неделна добиле труење со храна на две различни прослави во Куманово.

Loading...

Последниот случај е од вчера кога поради труење со храна на домашна прослава околу десет лица завршиле во болница со интензивна дијареја.

– Сите лица се амбулантски решени со рехидрирање, во стабилна состојба се и пуштени се сите на домашно лекување, изјави денеска директорот на Општа болница Куманово, Стефан Трајановски.

 

 

Слична клиничка слика имале и 13-14 лица минатата недела, кога со храна се затруле во ресторан.

Како што појаснува директорот Трајановски, симптомите ги развиле многу брзо, но по пружање на здравствена помош и тие биле пуштени на домашно лекување.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе села во Куманово и Липково

– Бидејќи се работи за труење со храна на лица кои што се со слична клиничка слика најверојатно се работи и за ист предизвикувач. Во тек е постапка за точно дијагностицирање и детектирање на изворот на заразата и причинителот на заразата. На инфективното одделение моментално и од двата настана нема задржано лица на хоспитално лекување, појаснува тој.

 

 

Државниот здравствен и санитарен инспекторат е службата која сега треба да утврди што било предизвикувач на заразата.

Лекарите велат дека во период на високи температури, храната многу лесно се расипиува и тоа може да предизвика сериозни компликации.

Апелираат на нејзино соодветно чување и складирање, строго внимавање на хигиената, пред се миење на рацете, но и соодвето одржување на просториите каде се чува и подготвува храна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој го натепал својот вујко

Никола Ивановски

Loading...