Трошела по 1 евро дневно за храна, па купила три куќи: „Го исполнив сонот на 37 години“

Сподели со своите пријатели

Саки Тамогами (37) е позната како „најштедливата жена во Јапонија“. Таа тврди дека штедела 15 години на храна, облека и козметика – и успеала да купи три куќи.

Loading...

Така таа го исполнила својот сон, кој го започнала како деветнаесетгодишна, пренесува Oddity Central.

„Не купувајте ништо ако не е на акција“, е мотото на овој јапонски агент за недвижности.

Таа тврди дека прво престанала да купува нова облека и носела работи што ѝ ги давале пријателите или семејството.

Потоа ја намалила храната. Најмногу купувала евтини намирници, како тестенини, тост или ротквици.

По осум години од овој режим, рече таа, го купила својот прв дом, а до 2019 година имала три имоти.

Таа се појави на популарна ТВ програма, каде што ги шокираше Јапонците со својата екстремна штедливост.

Таа детално проговори за својата страст и истакна дека „ретко го надминува дневниот буџет од едно евро за храна“.

Loading...

Не се грижела за шминкање и фризерство. Ја скратила косата и ја продала за 20 евра. Така таа обезбедила половина од месечниот буџет за храна.

Вели дека овој начин на живот е тежок, но се навикнала и нашла утеха кога го погледнала салдото на нејзината банкарска сметка.

На 27 години заштедила доволно од својата плата за да купи куќа, северно од Токио, за 62.000 евра. Веднаш ја изнајмила, а хипотеката ја плаќала со месечна кирија.

Таа продолжила да штеди и за неколку години купила уште еден имот за 111.000 евра. За третата куќа издвоила 231.000 евра.

Саки наведува дека го остварила својот сон, но продолжува да живее со исто темпо, како и да им помага на мачките.

Таа веќе отворила кафуле за напуштени животни во приземјето на една од нејзините куќи и планира да инвестира во други имоти.

 

Loading...