Турција: Да се преземат казнени мерки против акциите на Израел

Сподели со своите пријатели

Турција повика на „казнени и принудни мерки“ против акциите на Израел, кои целосно го занемаруваат меѓународното право, јавува Anadolu Agency.

Loading...

„Императив е да се преземат неопходните казнени и принудни мерки против дејствијата на Израел“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција во врска со последната израелска операција на Западниот Брег.

Исто така, се осудува „нелегалната израелска операција“ и изјавите на израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац за ширењето на акциите од Газа до Западниот Брег.

„Силно ја осудуваме илегалната операција што Израел ја започна на Западниот Брег“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

„Политиката за геноцид“ на Израел

Во соопштението понатаму се наведува дека „геноцидната политика“ што ја води Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е голема закана за меѓународната безбедност.

Исто така, апелира до „неколку земји кои безусловно го поддржуваат Израел“ да се откажат од таквата позиција што е против законот и човечката совест.

Во средата израелската армија започна голема воена операција на северот на окупираниот Западен Брег, што е најголемата офанзива во последните две децении во таа област.

Тензиите се зголемуваат низ окупираниот Западен Брег поради израелската офанзива на Појасот Газа, во која загинаа речиси 40.500 луѓе, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина мртви во израелски напади врз Либан, тројца во напад на Газа

Најмалку 660 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 5.400 се ранети на Западниот Брег, според палестински извори.