Пад на индексите на Волстрит: Запрена позитивната серија

Сподели со своите пријатели

Индексите на њујоршката берза го завршија денот во црвено. Акциите на Волстрит денеска паднаа по добивките во понеделникот, поттикнати од податоците за продажбата на мало и пониската инфлација.

Loading...

Инвеститорите го чекаат обраќањето на раководството на американската централна банка за состојбата на американската економија, пренесува француската новинска агенција АФП.

Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 40.834,97 поени, што е за 0,15 отсто помалку од понеделникот. Индексот на 500-те најголеми американски компании S&P 500 е формиран на вредност од 5597,12 поени, што е за 0,20 отсто под почетната точка. Технолошкиот индекс Nasdaq загуби 0,33 отсто и го затвори тргувањето на 17.816,94 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

Нафтата падна на затворање во Њујорк. Суровата нафта од Западен Тексас за испорака во септември достигна вредност од 74,04 долари за барел, што е пад од 0,33 долари од понеделникот, додека северноморската сурова нафта „брент“ поевтини за 0,45 долари на 77,21 долари за барел.

Сепак, цената на златото порасна, а на денешното тргување на берзата во Њујорк поскапе за 12 долари на 2.553,30 долари за унца од 31,1 грам.