Приведено лице на Граничен премин „Табановце”

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Скопје, со привремен престој во Франција, вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 20.08.2024 на влез на Граничен премин „Табановце” од слобода е лишен Ф.Ф.(26) од Скопје, со привремен престој во Франција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, при извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило “бмв” со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот.

Возилото било одземено со потврда, додека лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски