Едно тело е извлечено од трупот на луксузна јахта што потона во близина на брегот на Сицилија, соопштија италијанските власти.
Шест лица се уште се водат како исчезнати откако торнадо го погоди бродот околу 5 часот во понеделникот, изјави портпаролот на италијанската крајбрежна стража.
Јахтата била закотвена на околу половина милја од пристаништето Портчело на остров во Средоземното Море.
Од местото на настанот се спасени 15 лица, а едно дете со хеликоптер е пренесено во детската болница во Палермо.
Капетанот е меѓу преживеаните, според портпаролот на италијанската крајбрежна стража.
Јахтата долга 56 метри, наречена Bayesian, вее под британско знаме и имаше главно британски патници и членови на екипажот, заедно со двајца англо-француски патници, еден Новозеланѓанец, еден Ирец и еден Шри Ланканец, изјави портпаролот за Си-Ен-Ен.
Италијанската противпожарна бригада соопшти дека нејзините нуркачи стигнале до трупот на јахтата на длабочина од 49 метри под нивото на морето, се вели во соопштението за печатот. Бригадата испрати и хеликоптери да ја засилат операцијата за пребарување.