Земја која живее од својот домен – .ТВ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дали сте слушнале за Тувалу? Можеби не сте, но тоа е мала островска држава во Тихиот океан.

Loading...

Најголемиот нивен извоз е нивниот домен, .тв, како на пример Твич.тв.

 

 

Во 1995 година, Меѓународната телекомуникациска унија издаде домен на секоја земја, додавка која се става на крајот од веб-локациите, па секој би знаел каде е базирана таа веб-страница.

САД имаат .ус, Велика Британија доби .uk, Македонија пример има .mk. И малата островска држава Тувалу си добила свој домен, а тоа е .тв.

Отпрвин не знаеле што да прават со тоа, но во 1998 година сфатиле дека можат да го лиценцираат нивното име на домен и во 2000 година  нацијата потпиша 12-годишен договор тежок 50 милиони долари.

Loading...

Договорот беше репотпишан во 2011 година при што компанијата за регистрација на домени им плаќа 5 милиони годишно за управување со доменот .tv.

Името на доменот претставува 10% од бруто националниот приход на земјата, дозволувајќи му на Тувалу да плати за членство во ОН, да изградат училиштa и асфалтираат патишта, но и да вложуваат во подобрување на животот на своите граѓани.

Уште една мала островска држава живее на таков принцип. Станува збор за Ангвила која го има доменот .АИ кој се користи за сајтови за вештачка интелигенција.