Куќа изгоре во пожар во селото Облавце

Сподели со своите пријатели

Куќа вчера изгоре во пожар во селото Облавце во општина Старо Нагоричане, инфомираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во 21:20 часот на терен излегле четворица пожарникари со две возила од ТППЕ Старо Нагоричане и интервенирале до 01:10 часот по полноќ кога огнот бил целосно изгаснат.

Како што потенцираат оттаму причина за настанување на пожарот е електричната инсталација.

Претходно во истото село, околу 19:15 часот пожарникарите интервенирале кога гром удрил во електричен столб и струјомер кои се запалиле и предизвикале пожар кој бил изгаснат еден час подоцна.

Неколку пожар имало и на териториите на општините Куманово и Липково.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фестивал на планински филм во Куманово

Во селото Ваксинце грела сува трева во период од 14:55 до 16:00 часот.

Од 16:00 до 18:4 часот пожарникарите гаснеле запалена сува трева во атарот на липковско Лојане.

Сува трева горела и во атарот на селото Шупљи камен каде во период од 16:30 до 17:15 часот интервенирале тројца пожарникари.

Loading...

Во Горно Којнаре пак гореле сува трева и плевна, каде во период од од 15:20 до 19:45 часот интервенирале четворица пожарникари.

Во селото Винце се запалила сува трева, но и еден објект. На терен интевенирале тројца пожарникари во период од 17:15 до 20:40 часот.

Според последните информации утринава нема активни пожари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја

Никола Ивановски