Повторно се тресе Тајван: Нов силен земјотрес на островот

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Тајван утринава, откако земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа доцна во четвртокот, соопшти тајванската метеоролошка управа.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 34 километри од градот Хуалиен во источен Тајван, на длабочина од 9,7 километри.

Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета, а земјотресот се почувствувал и во главниот град на Тајван, Тајпеј, пренесува Ројтерс.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Тајван доцна во четвртокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УЖАС ВО ПРАГА! Се судрија два воза (ВИДЕО)

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи, поради што земјотресите се чести.

Во април, најсилниот земјотрес што го погоди Тајван во последните 25 години, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, загинаа 18, а беа повредени повеќе од 1.100 луѓе.