Норвежанец два пати се качил во авион без билет, вториот пат одлетал за Шведска

Сподели со своите пријатели

Норвешки патник успеал да се качи на авион на аеродромот во Минхен два дена по ред без билет, а вториот пат дури одлетал за Шведска, соопшти полицијата.

Loading...

39-годишниот прв пат го поминал обезбедувањето на 4 август на вториот најфреквентен аеродром во Германија – стоел блиску до друг патник и поминал со него без да го скенира билетот, пренесува весникот „Билд“.

Тој потоа се провлекол покрај персоналот на авиокомпанијата на гејтот и влегол во авионот.

Меѓутоа, бидејќи во авионот немало слободно место, Норвежанецот бил откриен и предаден на полицијата, која го привела, а потоа го ослободила, пишува весникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДВ: Хибридната војна на море веќе започна

Тој се вратил следниот ден и со истата техника се качил на лет за Шведска, изјави портпаролот на полицијата Себастијан Пинта.

Меѓутоа, по пристигнувањето во Стокхолм го привлекол вниманието на аеродромскиот персонал бидејќи сакал веднаш да се врати во Минхен, па бил предаден на полицијата.

Норвежанецот моментално е под истрага за нелегален влез и измама, рече Пинта и додаде дека полицијата утврдила дека тој не претставува никаква опасност.

Аеродромот во Минхен соопшти дека истражува како мажот ги заобиколил безбедносните проверки.

Loading...