NYT: Израел воено постигна се што можеше против Хамас

Сподели со своите пријатели

Израел направи се што може воено против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во позиција повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс.

Loading...

Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека е потребен договор за да се обезбеди ослободување на преостанатите 115 заложници од Газа.

„Израел успеа да го попречи Хамас, убивајќи многу од нивните водачи и значително ја намали заканата што постоеше пред 7 октомври“, изјави за Тајмс генералот Џозеф Л. Вотел, поранешен шеф на американскиот ЦЕНТКОМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел во недела гласа за забрана на истакнување на палестинското знаме

Поранешниот висок функционер на ЦИА, кој служел на Блискиот Исток, Ралф Гоф, рече дека Хамас во голема мера е исцрпен, но не и уништен и дека Израелците можеби никогаш нема да успеат целосно да ја уништат групата.

Пензионираниот генерал на израелската армија Јаков Амидрор не се согласува со ставот на функционерот и за весникот изјави дека Израел се уште треба да напредува во Газа, пренесува Танјуг.

„Ако Израел ги евакуира своите сили сега, Хамас повторно ќе биде силен за една година“, тврди Амидрор, додавајќи дека на армијата и се потребни уште два или три месеци во централниот и јужниот дел на Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку две лица загинаа во напад на израелски дронови во близина на Газа