Русија испраќа помош за Северна Кореја, ќе добие 447 кози

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин на состанокот одржан неодамна во Пјонгјанг договорија соработка првенствено на воено поле, но една од формите на соработка ќе се одрази и во испораката на кози.

Loading...

Имено, во соопштението на руската агенција за заштита на земјоделството, се наведува дека Русија испратила 447 кози во градот Расон, кој се наоѓа во Северна Кореја.

Козите, кои беа извезени од рускиот регион Ленинград, се првата серија домашни животни што Русија има намера да и ги испорача на Северна Кореја.

„Козите ќе овозможат млечни производи и ќе го ублажат недостигот на храна во Северна Кореја, во голема мера предизвикан од владините политики“, пишува Политико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе воведе нови санкции кон Русија пред да пристигне Трамп

Според Хјуман рајтс воч, 10,7 милиони луѓе во Северна Кореја се неухранети, а 18 отсто од децата имаат нарушен раст и развој поради хронична неухранетост.

За време на неодамнешното патување на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој ветуваат заемна помош во случај на агресија врз еден од потписниците.

Дополнително, договорот важи и за туристичкиот сегмент, како и за земјоделството.