Петрушевски на средба со специјалниот претставник на ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам

Сподели со своите пријатели

Средба на Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски со специјалниот претставник за Западен Балкан на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам.

Loading...

 

 

Денеска (13.08.2024) Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Мелита Груевска Грахам.

 

 

Loading...

Средбата претставуваше и прво формално претставување на портфолиото активности на оваа организација во и за нашата земја, при што Државниот секретар Петрушевски ја потенцираше важноста на меѓународната соработка општо во управувањето со миграциите, а особено во делот на справувањето со илегалната миграција, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Државниот секретар Петрушевски ја изрази натамошната поддршка на Министерството за внатрешни работи во работењето на оваа меѓународна организација, осигурувајќи на тој начин и континуитет, но и интензивирање на истата во делот на билатералната соработка.