УХМР: Освен топлотниот бран, ќе пристигне и невреме

Сподели со своите пријатели

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Loading...

Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат последните денови од 2024 година?

Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Никола Ивановски