Речиси целото цивилно население од областа Краснојарск во руската област Белгород е евакуирана, изјави гувернерот на регионот, додека украинските сили продолжуваат да напредуваат во соседната област Курск.
„Повеќе од 11.000 луѓе си заминаа“, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм рано во вторникот.
„Во моментов има околу 1.000 луѓе во привремено сместување“.
Пред војната, во тој округ живееле околу 14.000 луѓе, според Current Time – медиумски проект на руски јазик што го води RSE во соработка со Гласот на Америка (VOA).
Гладков најави евакуација на областа во понеделник и го затвори пристапот до областа. Окружниот началник Андреј Мисков рече дека останале околу 500 луѓе, главно службеници, работници за итни случаи и клучни експерти.
Округот Краснојарск граничи со Украина на запад и округот Белов во Курската област на север.
Во понеделникот, украинските сили објавија видео кое беше геолокацирано во центарот на градот Суја во областа Курск.
Точниот датум на видеото е нејасен, но се слушаат украински војници кои велат дека се уште не се сретнале со руските сили.
Руските воени блогери објавија дека Суја, место на околу 10 километри од границата каде што живееле повеќе од 5.000 луѓе пред војната, е под контрола на Украина.
На 6 август, украинските сили извршија ненадеен упад во областа Курск и последователно зазедоа околу 1.000 квадратни километри и бројни населени центри.
Во изјавата во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Москва го искористила пограничниот регион за да изврши околу 2.100 напади врз украинскиот регион Сума од 1 јули.
Во понеделникот гувернерот на Курската област Алексеј Смирнов му пријавил на претседателот Владимир Путин дека 28 населени места се „под контрола на непријателот“.
„Длабочината на пенетрација на територијата на регионот Курск е 12 километри, ширината на фронтот е 40 километри“, рече тој.
Не е можно да се потврдат тврдењата на бојното поле, иако некои извештаи покажуваат дека украинските сили навлегле подлабоко на руска територија.