САД: Новата кинеска ракета се распадна на 300 парчиња во орбитата на Земјата

Сподели со своите пријатели

Најновата кинеска ракета Long March се распадна на 300 парчиња во ниската орбита на Земјата, објави американската вселенска команда (USSPACECOM).

Loading...

Американската вселенска команда во кратката изјава за социјалната мрежа X рече дека може да го потврди распадот на кинеската ракета Long March 6A, лансирана на 6 август, оставајќи повеќе од 300 парчиња отпад во ниската Земјина орбита.

„USSPACECOM не идентификуваше никакви непосредни закани и продолжува да спроведува рутински проценки за поддршка на безбедноста“, се вели во соопштението, пренесува Anadolu.

Подобра комуникација

Кина во вторникот објави дека успешно лансирала 18 сателити Qianfan.

Проектот Qianfan, или G60, беше лансиран во 2023 година, со цел да обезбеди пообемни и подобри комуникациски услуги за домашните корисници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

На долг рок, се очекува да се воспостави мрежа од повеќе од 15.000 мултимедијални сателити во ниска орбита (LEO).