Британија подготвува 6.000 полицајци за немирите

Сподели со своите пријатели

Британската полиција денеска соопшти дека 6.000 полицајци се подготвени за немири, за кои извори открија дека се подготвуваат на 30 локации, а пред граѓаните се обрати градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Loading...

Повеќе од 400 луѓе веќе се уапсени поради немирите што ја зафатија Британија, а кои избувнаа по трагедијата во Саутпорт, каде три девојки беа убиени во напад со нож минатата недела, а се очекуваат уште апсења во наредните денови, пишува британскиот Телеграф.

Кан на платформата Х рече дека насилството и немирите нема да се толерираат.

„Немирите, расизмот и насилството што ги видовме низ целата земја во текот на изминатата недела се навистина шокантни. Свесен сум за извештаите на десничарските групи дека ќе нападнат одредени локации во Лондон и она што можам да го кажам е: ако прекрши го законот, ќе ги трпиш последиците“, напиша тој на Икс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Тој истакна дека насилството и нередите на улиците на Лондон нема да се толерираат.

Тој рече дека полицијата работи со општинските службеници и раководителите на локалните организации за да ги заштити локациите кои потенцијално би можеле да бидат цел.

„Знам дека сцените на насилство ги исплашија муслиманите и националните малцинства, затоа ги молам моите сограѓани да покажат дека нашата доблест е грижата и сочувството“, рече градоначалникот на Лондон.

Зборувајќи од Даунинг стрит синоќа, премиерот Кир Стармер рече дека очекува казнување на инволвираните во немирите.

Loading...

Протестни собири се одржуваат ширум Англија по нападот со нож на 29 јули уби три девојчиња во студио за танц во Саутпорт и повреди осум деца, од кои пет се во критична состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлуенсери направија хаос во Брисел: Воден топ мораше да ги растера фановите